Фото: Пиксабеј

Овошјето и зеленчукот се клучни компоненти на здравата исхрана, но исто толку е важно да бидат безбедни за јадење – што значи дека треба да бидат без нечистотија и пестициди. Избегнувањето на овошјето и зеленчукот третирани со најмногу пестициди е важен чекор кон поздрав живот, а јагодите и спанаќот содржат најмногу токсини.
Секоја година од 2004 година досега, „Енвајорментал воркинг груп“ (ЕВГ), непрофитна организација што има цел да ја направи животната средина поздрава, ги рангира неорганските производи со најмногу пестициди, кои ги нарекува „валканите 12“.
– Оваа година беше откриено дека 75 отсто од сите конвенционални свежи производи земени во мостри содржат остатоци од потенцијално штетни пестициди – известува ЕВГ.
Јагодите и спанаќот повторно ги зазедоа првите две места на годинашната листа. Особено внимание треба да се посвети и на „големиот скок“ на грозјето, кое лани беше осмо на листата, а во 2024-та е на четвртата позиција.
– Некои пестициди се поврзани со проблеми вклучувајќи спонтани абортуси, вродени дефекти и пречки во учењето или развојот кај децата – велат од центрите за контрола и превенција на болести.
Затоа, обрнете внимание на комплетната листа на овошје и зеленчук со најголеми количества пестициди во 2024 година.


„Валканите 12“

Јагоди
Спанаќ
Кељ
Грозје
Праски
Круши
Нектарини
Јаболка
Бабури и лути пиперки
Цреши
Боровинки
Боранија