Меѓународна соработка
Од 7 до 10 август, во Меѓународниот конгресен центар во Катовице, Полска, се одржа деветнаесеттата конференција „Викиманија“. Станува збор за меѓународен собир за корисниците и уредниците на вики-проектите на фондацијата „Викимедија“.
Македонија ја претставија членовите на „Викимедија МКД“, Снежана Штрковска, Кирил Симоновски, Тони Ристовски, Деан Лазаревски и Наташа Неданоска.
Голем број уредници и поддржувачи на „Викимедија“ се собраа на оваа конференција за размена на искуства, учење нови вештини и работи и продлабочување на соработката помеѓу заедницата.
Всушност, секоја година, стотици викимедијци се собираат заедно за да го прослават слободното знаење на годишната глобална конференција „Викиманија“. Деветнаесеттото издание беше партнерство меѓу викимедијците од регионот на Централна и Источна Европа и на фондацијата „Викимедија“. Присуствува лидери на слободното знаење од целиот свет за да разговараат за прашања, да известуваат за нови проекти и пристапи, да изградат мрежи и да разменуваат идеи. Ф.Д.
До Катовице со велосипед
По поминати 1.100 километри со велосипед, Тони Ристовски, член на „Викимедија МКД“ и вработен во Хабот за Централна и Источна Европа, пристигна во Катовице на „Викиманија 2024“. Тони го започна своето патување со велосипед од Скопје и преку Србија, Унгарија и Словачка пристигна во Катовице на 6 август. Подвиг за голема почит!
Конференциска сала во Катовице именувана по македонски град
Една од конференциските сали на Викиманија, во Катовице, Поска, беше именувана „Охрид“. Всушност, сите сали имаа имиња на градови од државите каде што досега се одржале ЦЕЕ средби (CEE Мeeting), Конференција на Централна и Источна Европа, како што се: Белград, Лавов, Истанбул, Тбилиси, Варшава, Киев, Гдањск…