Фото: ЕПА

Заедничка воена вежба на САД, Албанија и Косово

Вооружените сили на Албанија заедно со Косовските безбедносни сили и Единицата за брза интервенција на косовската полиција ги тестирале своите реактивни и интероперабилни способности за време на специјални операции, соопшти Министерството за одбрана на Албанија, додавајќи дека ова тестирање е направено под надзор на американската команда за специјални операции за Европа.
– Специјалните сили на вооружените сили на Албанија, Косовските безбедносни сили и Единицата за брза интервенција на косовската полиција заеднички ги тестираа своите реактивни и интерактивни способности за време на специјални операции, под надзор на американската команда за специјални операции за Европа – се наведува во соопштението на Министерството.
За време на вежбата биле симулирани различни сценарија.
– За време на вежбата специјалните сили на нашите единици симулираа различни сценарија, вклучувајќи и тактичко-извидувачки операции, психолошки операции, анализа на извидувачки податоци, употреба на беспилотни летала за време на развојните фази на операциите за удар на објекти, како и спречување офанзивни дејства и тактички групи – се наведува понатаму во соопштението. Р.С.