Фото: Кабинет на претседателката

На местото викано „Дупки“ во скопското село Патишка Река денеска околу 13 часот биле лишени од слобода три лица, С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар.

Како што информира МВР, лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.