Науката и научните сознанија немаат вредност според тоа дали некој научник е Турчин, Ром, Албанец или Германец, дали тој како етнички припадник на етничка група ги утврдил и елаборирал своите научни сознанија. Не, научните
сознанија се ценат и вреднуваат според научната тежина на сознанијата на светско ниво. Се мери умот на научникот, не етничката припадност!
Науката и уметностите се универзални категории. Тие немаат етничко, туку вредносно значење! Тие не се мерат и не се споредуваат на светската скала според етничките параметри, дали некој научник или уметник е припадник на една или на друга етничка група, туку според тоа дали сознанијата или уметничките дела имаат научна и вредносна тежина во согласност со светски утврдените параметри.
Науката и научните сознанија немаат вредност според тоа дали некој научник е Турчин, Ром, Албанец или Германец, дали тој како етнички припадник на етничка група ги утврдил и елаборирал своите научни сознанија.
Не, научните сознанија се ценат и вреднуваат според научната тежина на сознанијата на светско ниво. Се мери умот на научникот, не етничката припадност! Се мери колку научните сознанија се научно поткрепени и издржани!
Науката не смее да биде етнифицирана, таа не е, ниту некогаш била етничка категорија. На науката најмалку што ѝ треба е да биде злоупотребувана во етнички контекст. Тоа е сквернавење.
Секаде во светот академиите за науките и уметностите се национални установи поврзани со нацијата, со државата, а не со етникумите!
Тања Каракамишева