Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Трката околу Франција завршува в недела, а Погачар по 14 етапи води со една минута и 57 секунди предност пред Винегор, а Евенепул заостанува уште 25 секунди. Погачар годинава победи на Џиро д’Италија, а има и две победи на Тур де Франс и Вуелта, во 2020 и во 2021 година

Словенецот Тадеј Погачар го зголеми водството во генералниот пласман на велосипедската грантур-трка Тур де Франс со доминантна победа на 14-та етапа возена на Пиринеите. Погачар, кој е во жолтата маичка за водечкиот велосипедист, а ја носи секој ден од четвртата етапа, го поттикна финишот на врвот преминувајќи ја целната линија 39 секунди пред бранителот на титулата Јонас Винегор од Данска.
Сепак, Винегор се искачи на второто место во генералниот пласман откако Белгиецот Ремко Евенепул загуби време, завршувајќи како трет на етапата што го вклучуваше и легендарното искачување на Кол ду Турмале, пишува „Би-би-си“. Погачар води со една минута и 57 секунди предност пред Винегор, а Евенепул е уште 25 секунди назад.

По две рамни етапи, трката се упати назад во планините, каде што кандидатите за генерален пласман треба да се борат во текот на викендот пред да уживаат во денот за одмор денеска, пишува „Би-би-си“.

Погачар досега има три титули на трите грантур-трки (Џиро д’Италија, Тур де Франс и Вуелта), и тоа една на Џиро д’Италија (годинава) и две на Тур де Франс (во 2020 и во 2021 година).

Генерален пласман по 14-та етапа: Тадеј Погачар, Јонас Винегор (плус 1:57 минута), Ремко Евенепул (плус 2:22 мин.), Жоао Алмеида (плус 6:01 мин.), Карлос Родригез (плус 6:09 мин.), Микел Ланда (плус 7:17 мин.), Адам Јејтс (плус 8:32 мин.)… Н.М.