Фото: Пиксабеј

Истражувањето спроведено од „Проктер и Гембл“ покажало дека дури 86 отсто од испитаниците ги плакнат садовите пред да ги стават во машина за миење. Но дали навистина е потребно да ги исплакнете садовите пред да ги ставите во машината за миење или тоа всушност е само губење време и ресурси? Го најдовме одговорот на ова прашање – имено, садовите не треба да се плакнат, но има еден услов.
Научникот Морган Еберхард од Каскада, кој произведува таблети за миење садови, вели дека воопшто нема потреба да се мијат садовите под млаз вода. Треба само да ги изгребете остатоците од храната што останале на садовите што потенцијално би можеле да ја затнат машината за миење садови. Слободно оставете ги сосовите и маснотиите на садовите.
Значи, оние 86 проценти од луѓето што претходно ги миеле садовите, всушност тоа го правеле погрешно, а Еберхард додава дека ако не ги миеме садовите, можеме да заштедиме вода и енергија, но и време. Сега, кога имаме дефинитивен одговор дека не е потребно да ги исплакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови, Еберхард состави неколку совети.
За почеток, проверете дали сите предмети што ги имате во кујната можат да се мијат во машина за садови. Имено, машината за миење садови може да биде премногу груба за некои кујнски предмети или да не е соодветна за некои материјали, како дрво, алуминиум и леано железо. Ако не сте сигурни, задолжително проверете пред миењето. Потоа прво наполнете го долниот дел од машината за перење – на неа ставете чинии, тенџериња и тави свртени кон изворот на вода, кој обично е во средината. Ставете чаши, шолји и чинии свртени надолу во горниот дел од машината за перење, така што тие да бидат што поблиску до изворот на вода и подобро да се мијат. Ставете чаши за вино и други нежни стаклени садови на горната решетка на држачот за стакло за да ги држите на едно место во текот на миењето. Покрај тоа, пластичните садови исто така припаѓаат на горната решетка – температурите обично се пониски таму горе, па затоа е подобро за пластични садови.