Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото, соопштија денеска организаторите на гранслем-турнирот во Париз.
Српскиот тенисер вчера во осминафиналето го совлада Аргентинецот Франциско Серудола со 6-1, 5-7, 3-6, 7-5 и 6-3 по сетови.
На тој натпревар Ѓоковиќ почувствува болка во пределот на десното колено.
Повлекувањето на Ѓоковиќ од Ролан Гарос значи дека Италијанецот Јаник Синер од идната недела ќе го преземе од Србинот првото место на АТП листата. Синер се пласира во полуфиналето на гранслемот во Париз со денешната победа над бугарскиот тенисер Григор Димитров со 6-2, 6-4 и 7-6 по сетови.
Уште не е познат степенот на повредата на Ѓоковиќ, но се поставува прашањето дали тој ќе закрепне за да настапи на претстојниот гранслем-турнир Вимблдон што почнува на 1 јули, како и на Летните олимписки игри чиј тениски турнир е од 27 јули.