Домување

Фелисија Вилсон е тиктокерка што целиот свој живот го посветила на спасување животни, поради што ги знае и најдобрите трикови за собирање на влакната што ги оставаат низ домот четириножните „цимери“. Фелисија тврди дека е многу едноставно да се исчисти станот кога живеете со миленик, особено ако тој се митари. Клучот за сѐ е обична гумена ракавица. Нејзиното видео собра над половина милион прегледи, а коментарите потврдуваат дека овој трик навистина функционира. Со гумената ракавица поминувате врз крзното на миленичето, како и врз површините каде што најчесто се задржуваат влакната, и на тој начин тие се собираат многу лесно.
Уште еден трик е популарен на Тикток. Технологијата го направи чистењето полесно, позабавно, поефикасно и енергетски поефикасно. Затоа, не е изненадување што Клинток (хаштаг за видеа каде што корисниците ги демонстрираат своите вештини за чистење, а чија содржина е прегледана неверојатни речиси сто милијарди пати) е полн со прегледи за производи што го олеснуваат животот. Такви се паметните уреди за чистење, особено правосмукалките, кои зафаќаат дури 99 отсто од ситните честички од прашина, додека нивните антибактериски ќеси за прашина го спречуваат развојот на бактериите. Правосмукалките доаѓаат со практична мултифункционална станица што го празни резервоарот и ги полни батериите.
Процесот на чистење со паметни уреди станува исклучително лесен, бидејќи е многу едноставен за ракување, а широкиот избор на додатоци овозможува чистење на секој агол од домот. Инфлуенсерите ги воодушевува и надградената линија со вештачка интелигенција, во која правосмукалката со помош на вештачка интелигенција класифицира сложени средини, односно во зависност од видот на подот и дамката, проценува колку време и внимание треба да му се посветат на одредено место.