Фото: З.А

Денес во касарната„ Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево, со воена свеченост припадниците на 1.пешадиски бараљон од 1 пешадиска бригада го одбележа 21 мај, Денот на единицата која ги продолжува традициите на Кичевско-Мавровскиот партизански одред. Во текот на одбележувањето со пригодни говори и честитања се обратија командантот на 1.пбр бригаден генерал, Сашко Лафчиски и командантот на 1.пб потполковник, Зоранче Ристевски.

Фото: З.А
Фото: З.А

-Ми претставува огромна чест и задоволство по повод Денот на единицата 21 мај, да ви се обратам како командант на 1.Пешадиски батаљон. Овој ден е од посебно значење за припадниците на 1.Пешадиски батаљон, на денот кога се навршуваат 81 година од сега далечната 1943 година, кога Главниот штаб на НОВ И ПОМ од пристигнатите борци на 21-ви мај 1943 година го формира Кичевско-Мавровскиот партизански одред. По тој повод традиционално ја организираме оваа воена свеченост и заедно со вас го прославуваме 21 мај Денот на единицата – истакна командатот Зоранче Ристевски.

Тој во продолжение на своето обраќање подвлече.

-И оваа година активно се вклучивме во проектот на МО за популаризација на воениот повик во Армијата, во сите средни училишта во зоната на одговорност на единицата. Заедно со припадниците на МВР успешно и професионално ја реализиравме мисијата во спречувањена нелегални минувања и неконтролирано движење од страна на мигрантите во поширокиот реон на јужната граница, кое е од посебно значење за безбедноста на државата – додаде Ристевски и ја нагласи хуманоста на припадниците на АРМ, каде во крводарителна акција беа собрани 146 единици на крв.

На свеченоста за најдобар вод беше прогласен извидувачкиот вод од командната чета од составот на батаљонот. Доделени беа и стимулативни мерки на персоналот кој најмногу се истакна во изминатиот период.

З.А