ЕКК 2026 ЗА ШАХИСТКИ
Продолжуваат натпреварите и на 30. Европски клупски куп (ЕКК) за шахистки во Будва (Црна Гора), а Македонија има два претставника, кои во второто коло остварија половичен успех. Деби-победа на вакво квалитетно натпреварување оствари екипата на Гостивар (2.060, рангирана 14-та пред почетокот на ЕКК 2026) во мечот со англискиот клуб Лајонес Б (1.865, рангиран 20.), со 2,5-1,5. Во третото коло Гостивар, кој моментално е на 14-то место, со два бода (2,5 поена по табли), ќе игра со чешката екипа Парадубице (2.177, рангирана 10-та).
Гамбит АСЕЕ (2.328, рангиран шести) по стартната победа, во второто коло загуби од силниот српски претставник Сирмиум Сремска Митровица (2.440, рангиран втор), со 1,5-2,5. Во следното коло за противник ќе ја има англиската екипа Лионес А. По две кола, Гамбит АСЕЕ е деветти со два бода (5,5 по табли).
Во конкуренција на 22 клуба со 103 шахистки (седум ВМ, 12 ЖВМ, 19 ИМ, 11 ЖИМ, два ФМ, 22 ЖФМ), во водство се прворангираниот Монако (2.477), Сирмиум Сремска Митровица и Гамбит Боневоа (2.387, рангиран четврти) од Луксембург, сите со по четири бода. Г.И.
































