Засега не постои никаква намера за активирање на процедурата за прекршување на Договорот од Преспа, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис по средбата со неговиот египетски колега Самех Шукри, одговарајќи на новинарско прашање за евентуална иницијатива од грчката страна, со можно активирање на член 19 што се однесува на решавањето на споровите, јави дописничката на МИА од Атина.
– И Грција и Северна Македонија се обврзани да го почитуваат меѓународното право и меѓународните обврски што ги презедоа. Грција со строгост го следи почитувањето на договореното. Владата на Северна Македонија сè уште нема положено свечена заклетва, па така ќе ги очекуваме случувањата во ова поглавје. Засега не постои никаква намера за активирање на никаква процедурата за прекршување. Разбираме дека овие прашања ќе се оценат и од грчката дипломатија, секако исто така и од Европската Унија ви рамките на интегративниот процес на Северна Македонија- рече Герапетритис.