Фото: Пиксабеј

Проблемот со коцкањето е покомплексен од класичните зависности. Болеста незабележливо се развива, а започнува како забава. Во дијагностичкиот систем, коцката е класифицирана како зависност од однесувањето, што значи зависност од одреден тип однесување. Според кодот во класификацијата на болеста, таа е класифицирана како нарушување на контролата на импулсите. Има многу заеднички карактеристики со болестите на зависност од хемиски супстанции, но има и заеднички карактеристики со нарушување на дефицитот на внимание, што е важно и за дијагноза и за лекување, а што го прави и покомплексно.
Секој човек што има проблем со патолошкото коцкање има проблем со контролата на импулсите во другите сфери на животот, вклучувајќи склоност кон агресивно однесување, проблем со трпение. Затоа, сега и веднаш би ја исполнил секоја своја потреба, вклучувајќи ја и потребата од коцкање.
Тој нема способност да ги одложи своите потреби за нешто друго. Кога човек има компулсивна потреба да се коцка, кога не може да го контролира тој импулс и кога тоа има последици на психолошки план, на функционирање со други луѓе, можеби тоа влијае и на работата, тогаш зборуваме за проблем со коцкањето. Луѓето обично се обраќаат за помош кога веќе не можат да се справат со долговите. Овие луѓе минуваат низ повеќе фази, а стручњаците треба да ги препознаат пред да почнат со психолошка терапија.