Потсетување на македонската јавност за немилиот настан пред една година:
Точно пред една година, членови на грчката забранета организација Златна зора со маски и качулки на лицата упаднаа на изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, која се одржуваше во галеријата на солунската општина Каламариа.
На влезот од галеријата членовите на Златна зора залепиле плакати, кои, како што велат, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“.
За инцидентот во Солун тогаш беа известени македонскиот Генерален конзулат во Солун и Амбасадата во Атина.
Листата на напади и закани против Македонци и македонски организации и друштва од припадниците на оваа организација е долга. Да потсетиме дека тие ја прекинаа и промоцијата на Грчко-македонскиот речник во Атина, а сето тоа беше снимено на камери.
Но тие се тепаа и во Парламентот, па дури еднаш нападнаа и жена од партијата на социјалистите.