Наодите на новата студија даваат индиции за тоа како менувањето на ДНК може да се разликува кај поединци.
– Чернобил беше трагедија од неразбирливи размери, но сè уште немаме многу сознанија за последиците од катастрофата врз локалното население – изјави Софија Тинтори, главната авторка на студијата.
Таа ги проучувала нематодите, ситните црви со едноставни геноми, комплетниот сет на генетски материјал во организмот и нивната брза репродукција, што ги прави корисни за разбирање на основните биолошки феномени.
– Овие црви живеат насекаде и живеат брзо, па поминуваат низ десетици генерации на еволуција – изјави Метју Рокман, коавтор на студијата.
Истражувачите собрале стотици нематоди од локациите низ зоната во Чернобил што биле изложени на различни нивоа на радијација. Примероците потоа биле транспортирани, замрзнати и последователно проучувани. Научниците се фокусирале на видот нематоди наречени Oscheius tipulae и, на нивно изненадување, не можеле да откријат никакво оштетување од радијацијата врз геномите на црвите во Чернобил.
– Тоа не значи дека Чернобил е безбеден, поверојатно значи дека црвите се навистина отпорни и можат да издржат екстремни услови – изјавила Софија Тинтори.
Што значи ова за нас? Наодите од студијата даваат индиции за тоа како менувањето на ДНК може да се разликува кај поединците, што може да доведе до подобро разбирање на природната варијација забележана кај луѓето. Тоа може да има импликации и врз истражувањето на ракот и генетските предиспозиции за болеста.