Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Морковите не само што се добри за видот туку тие исто така помагаат за губење тежина. Тие можат да направат многу за нашето здравје. Освен што го подобруваат видот, го зајакнуваат имунитетот, го регулираат нивото на шеќер во крвта, тие потикнуваат и губење на тежината. Овој корен од зеленчук е ризница на здравје и треба да се јаде секој ден. Морковите се богати со влакна и вода (88 отсто вода), а тоа е комбинација што брзо предизвикува чувство на ситост. Во споредба со другите зеленчуци, морковите исто така се поврзани со понизок индекс на телесна маса и пониски стапки на дебелина, според студијата објавена во „Нутришнс“ во 2021 година. Морковите се и нискокалорични. Една шолја сечкани моркови содржи само 52 калории.
Калиумот во морковот игра клучна улога во регулирањето на крвниот притисок. Овој минерал го балансира нивото на натриум и помага да се отстрани вишокот натриум и течност од телото, што го намалува крвниот притисок. Ова исто така го прави морковот добар избор доколку сакате да се ослободите од надуеноста по консумирањето премногу солена храна. Истражувањето од 2020 година објавено во журналот на Американското здружение за срце покажа дека морковите имаат некои од најголемите придобивки за кардиоваскуларното здравје. Фенолните соединенија во морковите имаат потенцијал да спречат кардиоваскуларни болести. Овие соединенија имаат антиоксидантни својства, кои исто така помагаат во одржување на нормалното ниво на шеќер и холестерол во крвта.
Морковите се богати со витамини А и Ц. Витаминот Ц во морковот му помага на имунолошкиот систем правилно да ја извршува својата улога. Истото тоа го прави и витаминот А, кој игра важна улога во формирањето и заштитата на мукозната мембрана. Мукозните мембрани дејствуваат како бариера што спречува патогени микроорганизми да се шират низ телото. Морковот е одличен сојузник и во лекувањето на болестите на респираторниот, дигестивниот и урогениталниот тракт. Ако страдате од астма, воспаление на белите дробови или на уринарниот тракт, од чир на желудникот и хранопроводот, пијте по една чаша сок од морков секој ден.