Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса и дел од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени изјави дека на денешната редовна понеделничка координација на претседателот на Собранието Јован Митрески со координаторите на пратеничките групи е договорено поконкретен датум за гласање за член на Државната изборна комисија да биде 28 февруари.
– Од едноставна причина што во текот на оваа недела многу пратеници се на службени патувања надвор од државата и ќе биде проблематижно да имаме соодветен број кој е потребен за да се изгласа членот на ДИК. Но, сепак останува отворена можноста, ако има доволен број на пратеници и во текот на оваа недела да се направи. Ќе се направат консултации и по однос на оваа прашање. Но, ако не успееме во текот на оваа недела, сигурен датум останува 28 февруари. Позитивен чекор беше тоа што помина нашиот член во ДИК во собраниската Комисија за прашања на именувањата и изборите. Тоа е позитивен акт – рече Зендели.
[Фадил Зендели]
Тој рече дека за изгласување на нивниот кандидат не очекува потешкотии или проблеми.
-Сега очекуваме да нема никаков проблем. И од тоа што е договорено на денешната координација кај претседателот, не очекуваме да имаме проблеми или потешкотии при изгласањето на нашиот член на ДИК, рече тој.
Зендели информира дека завршил нивниот бојкот на работатата на Собранието, кој го започнаа поради тоа што тие побараа нивниот кандидат да биде ставен на дневен ред на седница.
-Ние уште од кога се повикавме на бојкот, рековме дека нашиот бојкот ќе биде до моментот кога нашиот кандидат ќе биде на дневен ред. Значи, нашиот кандидат беше на дневен редна Комисијата за именувања и изборите уште претходната недела. И со тоа заврши нашиот бојкот, затоа што бојкотот се однесување во врска со оваа прашање. И денеска учествуваме денеска на координација кај претседателот и ќе учествуваме во работата на работните тела нормално како и секогаш – рече Зендели.