Нега и убавина
За разлика од Корејките, чија секојдневна нега вклучува 12 чекори, Скандинавките се трудат да бидат што поедноставни во сѐ и затоа тајната на нивниот беспрекорен тен не бара голем труд, а дава фантастични резултати. Ги издвојуваме трите нивни златни правила кога станува збор за нега на кожата.
Најважна е хидратацијата: Првиот чекор до совршен тен е хидратацијата. Тоа значи дека треба да пиете многу вода, но и да избирате производи за навлажнување, по можност со хијалуронска киселина. Добар трик е да нанесете крем или лосион три минути по миењето на лицето. Исто така, задолжително е дневен крем или лосион, како и заштита од ветер и од сонце.
Негата на кожата секогаш треба да биде сезонска: Негата на кожата треба да се менува во зависност од сезоната. Логично е дека она што дејствува во лето нема да дејствува во зима поради различните услови на кои е изложена нашата кожа.
Количеството на влага во воздухот е различно, а различно е и нивото на УВ-зрачењето. Во студените месеци треба да користите производи што ќе ѝ помогнат на кожата да ја задржи влажноста. Во зимските месеци треба да избирате богати кремови и серуми, а налето производи што нема да бидат мрсни и нема да ги затнат порите.
Никогаш не прескокнувајте СПФ: Секој што знае нешто за нега на кожата знае дека заштитниот фактор не треба да се прескокнува, без разлика на сезоната. Во зима може да биде понизок отколку во лето, но не се препорачува понизок од 20. Бидејќи УВ-зрачењето постои во текот на целата година, СПФ е првата линија на одбрана против предвременото појавување брчки и ситни линии. Исто така, не е доволно да се нанесува заштитен фактор само наутро, туку треба да се обновува и во текот на денот. Затоа е добра идеја во вашата чанта секогаш да имате балсам за усни со заштитен фактор, за заштита на усните од сончевите зраци.