За прв пат во родниот град, вечерва 22 декември во 19 часот, премиерно, концерт ќе одржи младиот и талентиран пијанист Лука Лазарески од Кичево, кој своето музичко мајсторство ќе го демонстрира пред своите сограѓани. Лука Лазарески ќе изведе повеќе композиции од областа на сериозната музика и неколку и неколку нумери од областа на народната музика. Ќе има и гости, негови сограѓани, кои ќе земат учество vo овој музички настан.
-За прв пат вечерва ќе одржам премиертен концерт во родното Кичево. На овој концерт ќе се претставам со повеќе изведби и сметам дека со својата музичка изведба ќе ги задоволам присутните во салата од Центарот за култура. Ќе ги изведам Алелуја, Пасагаглија, Пролетен валцер, Ноктурно и Соната во Ге мол. Покрај овие композиции од областа на сериозната музика, ќе изведам и неколку македонски народни песни. Концертот ќе биде збогатен и со учество на моите музички пријатели од градот вокалите Теодора Матеска и Бојан Трајкоски, виолинистите Теодора Кулеска и Јована Димоска, гитаристот Марко Лазарески, кларинетистот Едил Хусоски, тапанарот Ѓорѓи Божиноски и специјалниот гостин канонистот Филип Михајлоски – рече домаќинот Лука Лазарески и додаде дека покрај него на пијано ќе настапат и Петар Личоски, Касијана Матеска, Јана и Бисера Јолески.
Дванаесет годишниот Лука Лазарески посакува и во неговото родно Кичево да проработи музичко училиште, бидејќи овој град изобилува со безброј музички таленти кои се приморани своето образование да го продолжат надвор од родниот град.
Инаку братот на Лука, Марко Лазарески подолг период свири гитара и моментално е на трета година во музичкото училиште во Битола. З.А.