Играм шах секој ден. Јас сум добар, не сум Магнус, но добар сум. Никој нема шанси со Магнус. Но се надевам дека еден ден ќе играме, рече Салах, во интервју за „Скај спорт“. Претходно со Карлсен се сретнаа Александер-Арнолд во егзибициски натпревар, Пулишиќ на промотивна кампања, Гранеро за време на настан на „Шах24“. Одегард со соиграчи од репрезентацијата на Норвешка го посети Карлсен за време на турнир со 2018 година, шах игра и еден од најдобрите светски тенисери, Алкараз…
Мохамед Салах (Египет), еден од најголемите светски фудбалери, изјави дека е вљубеник во шахот и дека сака да се сретне со велемајсторот Магнус Карлсен, пишува шаховскиот портал „Чес“. Фудбалерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул во интервју за „Скај спорт“ зборува за својата страст за шахот, пишува специјализираната шаховска интернет-страница „Чес“.
– Играм шах секој ден, буквално секој ден. Јас сум добар, не сум Магнус, но добар сум. Никој нема шанси со Магнус. Но се надевам дека еден ден ќе играме – вели Салах, кој рече дека игра шах онлајн и вели дека неговите противници на интернет го прашуваат дали тој е всушност фудбалската ѕвезда.
Познато е дека Карлсен е огромен симпатизер на фудбалот и на Салах, кого редовно го одбира во неговиот фантази-тим во Премиер-лигата, со кој е во врвот на таа игра со повеќе од седум милиони играчи, а поранешниот светски шаховски шампион се чини дека ја прифати поканата и отиде на X неодамна за да одговори со емотикон, означувајќи го Салах, пишува „Чес“. Во минатото фудбалери играа шах со Норвежанецот. Во 2018 година, соиграчот на Салах од Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, играше со Карлсен во егзибициски натпревар во Манчестер.
– Играм шах од многу мал и отсекогаш уживав. Тешко е да се најде некој што сака да игра исто како мене – вели Александер-Арнолд.
Фудбалската ѕвезда на САД, Кристијан Пулишиќ (25), исто така, зборуваше за својата страст за шахот откако играше со 10-годишниот Карлсен во „Чарити чес челенџ“ во 2022 година. Играчот од средниот ред на Милан (порано и во Челси) се сретна со Карлсен во Лондон на промотивна кампања.
– Тоа е неверојатна игра што може да ви помогне со многу работи, како решавање проблеми или воочување различни обрасци – изјави во интервју за „Дејли меил“ Пулишиќ, кој сега е бот со кој може да играте на „Чес“.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Естебан Гранеро, е уште една ѕвезда што сака шах.
– Јас сум огромен љубител на шахот. Обожавам да играм шах, сакам да гледам шах. Поголемиот дел од слободното време го поминувам со шахот – изјави шпанската ѕвезда за „Чес“ во 2020 година, кој се соочи со Карлсен за време на настан на „Шах24“.
Некои од играчите на норвешката фудбалска репрезентација се познати и по тоа што играат шах. Ѕвездата на Салернитана, Ерик Ботеим, еден од најдобрите пријатели на Ерлинг Холанд активно играл на шаховски турнири како млад. Друга е ѕвездата на Арсенал, Мартин Одегард, кој го посети Карлсен за време на турнирот во шах „Тата стил 2018“ заедно со неговиот норвешки соиграч од Херенвен во тоа време, Мортен Торсби.
Шахот го привлече и еден од најдобрите светски тенисери. Шпанскиот феномен Карлос Алкараз неодамна изјави дека го користи шахот како алатка за да го задржи својот ум остар кога игра на важни турнири, пишува „Чес“.
– Шахот ми помага да бидам ментално побрз, да ги видам настаните, потезите што сакам да ги направам. Во шахот, како и во тенисот, мечот може да се сврти ако ја изгубите концентрацијата дури и за момент – рече Алкараз во интервју за шпанскиот спортски весник „Марка“, пренесе „Чес“. Г.И.