Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.
На минатото рочиште беа сослушани три вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила.
За случајот „Монструм“ во претходна постапка, предмет на анализа биле возилата „опел омега”, „голф 3″, „фолксваген пасат“, „пежо 306″ и „мазда 626″.
Вештаците кажаа дека од извршените анализи на отпечатоци од прсти и траги на возилата, кај „пежо 306„ биле идентификувани траги на Алил Демири и на Самир Љута, кој подоцна е внесен во системот за анализа од СВР Скопје, додека кај трагите од „фолксваген пасат“ биле идентификувани Алил Демири, Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири.
Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, на почетокот информира дека се уште нема одговор на барањето за екстрадиција на двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство на Косово.