Фото: Пекселс

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижарик денеска соопшти дека ОН веќе осум дена не можат да достават храна на северот на Појасот Газа.

„Од четврток, 9 ноември, ниту една пекара не работи на северот поради недостиг на гориво, вода и брашно, како и поради оштетување на објектите“, изјави Дижарик, пренесе американската телевизија Ен-Би-Си.

Тој додаде дека луѓето со часови чекаат во редици за храна, поради што се изложени на континуирани воздушни напади.

– Основните прехранбени производи, вклучително брашно, млечни производи, јајца и флаширана вода исчезнаа од полиците низ Појасот Газа во изминатите два дена, рече Дижарик, додавајќи дека оризот и маслото за јадење исто така брзо се потрошиле.