Фото: Пиксабеј

Домување

Циметот е еден од најпознатите зачини, но неговата употреба не е ограничена само како додаток во исхраната. Овој зачин можете да го користите секој ден во вашиот дом како освежувач на просторијата, но и за третирање мувла. Ако ви се допаѓа мирисот на цимет, обидете се да го користите на друг начин.
Додаток за домашни растенија: Вашите домашни растенија можат да привлечат комарци и други инсекти, па за да се ослободите од нив, ставете цимет во саксијата. Циметот има антибактериски својства што помагаат во заштитата на домашните растенија, а ги убива и габите со кои се хранат ларвите на комарците.

Мирис за домот: Мирисот на цимет е многу специфичен. Ако ви се допаѓа, можете да го користите наместо освежувач. Во тенџере треба да ставите неколку стапчиња цимет, кора од портокал, неколку каранфилчиња и вода. Гответе на тивок оган за вашиот дом да замириса.

Отфрла разни штетници: Многу инсекти не го сакаат мирисот на цимет, па затоа е идеален начин да се ослободите од нив по природен пат. Доволно е да ставите цимет во близината на вашите прозорци, врати и други отвори за да спречите инсекти да влезат во домот.

За чистење: Бидејќи има антибактериски и антигабични својства, можете да го користите циметот како средство за чистење. Комбинирајте го циметот со сода бикарбона и вода за да направите паста за чистење. Можете да го користите за чистење работни површини, мијалници и слични површини.

Третирајте мувла: Како што веќе споменавме, може да се користи и за мувла поради неговите антигабични својства. Земете неколку капки есенцијално масло од цимет и измешајте го со вода. Испрскајте ги местата каде што има мувла. Но бидете внимателни, бидејќи ако се работи за поголема површина, треба да повикате експерти за отстранување мувла.