Со вклучени сирени возилата на Итната медицинска помош од повеќе градови во земјата утрово го поддржаа протестот за 30 отсто поголема плата, нов колективен договор, бенефициран стаж, покачување на додатокот за инфекција од еден на четири отсто и трансформација на договорите на определено во договори на неопределено време на здравствените работници и за административно-техничкиот персонал.
За време на паузата од 10.30 до 11 часот, здравствените работници во земјата излегоа пред здравствените установи за да искажат револт од, како што велат, игнорантскиот однос на надлежните.
Протестите продолжуваат, кусо изјави Боби Бојчевски од Независниот синдикат.
Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравствените работници, во чија организација беше протестот, излезе пред Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.
Здравствените работници излегоа пред здравствените установи од 10.30 до 11 часот
„Протестите продолжуваат“, најави Бојчевски и се заблагодари за големиот одѕив на повикот за протест.
Здравствените работници и административно-техничкиот персонал не се задоволни од покачувањето од 10 % и инсистираат Министерството за здравство официјално да одговори на нивните барања, кои се доставени на почетокот на месецот, но сè уште немаат одговори.