Мировните сили на ОН (УНИФИЛ), распоредени долж јужната граница на Либан, денеска ги повикаа страните на „воздржаност“ и понудија „механизми за поврзување и координација“ за намалување на тензиите и спречување на брзо влошување на безбедносната ситуација.
Апелот на УНИФИЛ уследи откако од југоисточен Либан беа нападнати цели на „територијата под израелска окупација“, на што Израел возврати.
За нападот врз израелските позиции во спорната област на планината Дов, одговорноста ја презеде Хезболах.
УНИФИЛ, исто така, објави дека е во контакт со властите од двете страни на границата на сите нивоа „со цел да се задржи ситуацијата и да се избегне посериозна ескалација“.