Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов упати закана до Македонците од Пустец предупредувајќи ги дека ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши.
– До сите жители на општина Пустец, Албанија: „Доколку сега на пописот не се пријавите како етнички Бугари, во најкус можен рок ќе ви бидат одземени бугарските државјанства, а доколку сте во постапка – веднаш ќе ви бидат прекинати процедурите. Веќе имаме еден таков случај. Размислете – им порача Стојанов на Македонците од Пустец.
Претходно, тамошните македонски здруженија посетата на бугарската потпретседателка Јотова ја оценија како засилена бугарска пропаганда врз Македонците во Албанија.