Во Црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево денеска беше извршено востоличувањето на епископ Марко на чело на новоформираната Делчевско-каменичка епархија. Епархијата е формирана со одлука на Синодот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и е една од 15 епархии во јурисдикција на МПЦ-ОА. Претставувањето на Епископ Марко на света архиерејска литургија во Делчево го изврши неговото високо преосвештенство митрополитот Брегалнички г-н Иларион, а на настанот присуствуваа високи црковни претставници од земјава, Србија и други гости кои со своето присуство го збогатија денешниот црковен чин.
Епископот на новоформираната Делчевско-каменичка епархија по неговото назначување истакна дека епископот се поставува на служба првенствено за да ги принесува даровите на благодарење и да ја упатува заедницата на патот кон обожувањето.