ФОРМУЛА 1

Формула 1 со трката во Монца (Италија) пред две недели ја заврши сезоната на трки во Европа, а утре следува уличната ноќна трка за големата награда на Сингапур, на патеката „Марина беј“. Првото гран при на оваа патека е одржано во 2008 година. Годинава се вози според нов распоред на патеката, со помалку свијоци.
Досега најмногу пол-позиции обезбедија Себастијан Фетел и Луис Хамилтон, по четири, а најмногу победи има Фетел, пет.
Актуелниот првак Макс Ферстапен убедливо води и сезонава, откако забележа 12 победи (10 во низа) и две втори места на 14-те досегашни трки сезонава и има 364 бода. Потоа следуваат Серхио Перез, кој забележа две победи, со 219, Фернандо Алонсо со 170, Луис Хамилтон со 164, Карлос Саинс јуниор со 117… Н.М.