Фото: ЕПА

ПОЗНАТ АМЕРИКАНСКИ ЕКОНОМИСТ СО НЕВООБИЧАЕН СТАВ (ЗА ЗАПАДНАТА ЕКОНОМСКА МИСЛА) ВО ВРСКА СО БРИКС

Подготвил: Mарјан Велевски

Секоја година улогата на Западот во глобалната економија се намалува, додека улогата на БРИКС се зголемува, истакнува познатиот американски економист Ричард Волф.
– Најважната реалност во последната година и половина е дека огромното мнозинство земји се согласуваат со Русија и дека тие или продолжиле да склучуваат договори со Русите, или останале неутрални, или нешто слично. Но тие не застанаа на страната на САД и Западна Европа. Ова е многу силен показател дека глобалната економија се променила. Секоја земја на глобалниот југ, секоја земја, сега има две опции, а порано имаше само една: ако сакате развојна помош, ако ви требаат заеми, ако сакате да добиете помош од ММФ или Светската банка „треба да отидете да му се поклоните на Вашингтон“. Мораше да ги убедиш САД. Сега сѐ е променето. Имаш избор. Наместо да се свртиме кон САД и нивните сојузници, сега може да се свртиме кон Кина и нејзините сојузници од БРИКС. Заедно тие (БРИКС) се речиси исто толку богати како Западот – објасни економистот.

Сега секоја година се намалува улогата на Западот во глобалната економија, додека улогата на БРИКС и Кина во светот расте, посочува тој.
– Ова е реалноста веќе десет години и нема апсолутно никакви знаци дека ќе се промени за една или десет години. Па сега сѐ е јасно, насоката е јасна. И затоа Русија можеше да ја одржи својата економија, во основа можеше да ја одржи вредноста на рубљата за да продолжи да функционира, иако продолжи да се вклучува во сериозен конфликт во Украина – изјави Волф за каналот „Дајалог воркс“.