„Дизни“, „Њујорк тајмс“, „Си-ен-ен“ се меѓу десетината големи американски медиуми што го блокираа пристапот до ЧетГПТ и започнаа студена војна против вештачката интелигенција.
Редакциите на неколку американски весници и телевизиски станици преземаат одбранбени мерки за заштита на содржината од ЧетГПТ, револуционерниот четбот за вештачка интелигенција (АИ) што многумина го гледаат како потенцијална закана за веќе ослабената медиумска индустрија, пишува „Си-ен-ен“.
ЧетГПТ може да создаде имитација на текст, видео, аудио и фотографија во речиси идентична форма и содржина со оригиналниот автор на материјалот.
Блокирањето се врши со вметнување кодови на интернет-локации што го спречуваат интернет-пребарувачот ЧетГПТ да ја скенира нивната платформа за содржина.
„Си-ен-ен“ објави дека „Њујорк тајмс“, „Ројтерс“ и медиумските гиганти како „Дизни“, „Блумберг“, „Вашингтон пост“, „Атлантик“, „Аксиос“, „Инсајдер“, „Еј-би-си њуз“, ЕСПН и „Готамист“, меѓу другите, имплементирале заштитни мерки против ЧетГПТ.