Ниту три воздухоплови не може да ги изгасат пламените јазици што го зафатија реонот на скопски Илинден.
Според последните информации од терен, огнот може да биде закана и за Куманово.
– На едниот крак дејствува ер трактор на ДЗС, а на вториот, полошиот крак, дејствуваат два хеликоптери на МВР. И покрај тоа не можевме да воспоставиме контрола. Со механизација е направено и забраздување, т.н пресеци за да се спречи ширењето на пожарот надвор од оваа линија. Тука има и доброволци од Свети Николе и локално население. Заедно ќе се обидеме да го спречиме огнот, да не може да продолжи нагоре, бидејќи ќе тргне во насока кон Куманово. Може да дојде до уште посериозни димензии – рече првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов.