Руската управа за цивилно воздухопловство потврди дека Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин загинале.
– Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер Дмитриј Уткин беа на летот – се вели во соопштението на Управата за цивилно воздухопловство.
Основачот на руската платеничка група „Вагнер“ бил меѓу патниците во приватен авион што се урнал северно од Москва, објави првично агенцијата ТАСС, цитирајќи ја руската авијација „Росавијација“, а пренесе „Ројтерс“.
Сите десет лица во авионот, тројца членови на екипажот и седум патници, загинаа во авионската несреќа во регионот Твер. Основачот на платеничката група „Вагнер“ се најде на списокот на патници.
Смртта на Пригожин беше потврдена и од канал на Телеграм тесно поврзан со „Вагнер“.
– Шефот на „Вагнер“, рускиот херој и вистински патриот Евгениј Викторович Пригожин почина како резултат на постапките на руските предавници – објавија тие.