Денеска, во реонот на Лозово и селото Каратманово настана пожар во кој гореше висока борова шума.
-По известувањето од страна на Центарот за управување со кризи, хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици го локализираше пожарот кој беше затекнат во рана фаза. Хеликоптерите Ми-171 и Бел 412 заедно направија околу дваесетина прелети, во кои беа исфрлени повеќе од 35 тони вода. Акцијата траеше неполни 3 часа до потполно гасење на пожарот, со што беше спречен пожар од поголеми размери-велат од МВР.
ФОТО:МВР