Во текот на 2022 година албанските власти на граничните премини откриле најмалку 37 случаи на непријавување финансиски средства.
-Според законот, сите лица кои влегуваат или излегуваат од албанската територија се должни да пријават суми во готовина, благородни метали или камења, вредни предмети и антиквитети, почнувајќи од износот од 10.000 евра или неговата противвредност во други валути, како и да достави релевантни документи, со цел да не им бидат одземени, наведува весникот „Монитор“.
Всушност, проверките покажале дека неколку десетици случаи не ја исполниле оваа обврска. Објавувањето на царинската зелена книга за 2022 година покажува дека сумата што се обидела да се помине на граничните премини е 165 илјади фунти, 1,3 милиони евра и 1,85 милиони лека.
-Во 2022 година, при извршени контроли од страна на Царинската управа на граничните премини, откриени се вкупно 37 случаи на заплена/непријавување на финансиски средства. Од нив, најголемиот број или 14 се на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“-Тирана, со износи во просек од 14 илјади фунти до 25 илјади евра. Најголем број се откриени при влез, односно 28 додека на излез се 9 случаи, се наведува во годишниот извештај на албанската царина.
Во изминатиот период од годинава заплената на непријавени финансиски средства достигнуваат два милиони евра.
Истражителите основано се сомневаат дека средствата кои се во разни валути, потекнуваат од криминални активности во странство и се наменети да се инвестираат во Албанија, главно во недвижен имот.
Дека има голем наплив на илегален внес на финансиски средства стекнати од криминални активности, што условило рекорден пад на вредноста на еврото и доларот деновиве предупредија и од Унијата на здруженија на албанските извозници
Зелената книга ги открива и случаите на нелегална трговија, каде во 2022 година се запленетри 139 килограми кокаин, 193 килограми канабис, 2 парчиња оружје и 625 муниција, како и 99 илегалци.