Кели шутна посилно и од играчите во Премиер-лигата!

Најсилниот удар досега што завршил

во мрежата минатата сезона бил на напаѓачот на Вест Хем, Саид Бенрахма,

со брзина од 110,2 км на час

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА ФУДБАЛЕРКИ

Англиската фудбалска репрезентативка Клои Кели влезе во историјата на женскиот фудбал како стрелец на гол со најсилен шут, откако во пенал-серијата успешно реализира удар од 11 метри во осминафиналниот дуел против соодветната селекција на Нигерија на Светското првенство (СП), кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд.
Кели ги брани боите на Манчестер Сити, а ударот бил толку силен, што педантните Англичани со специјална технологија констатирале дека ударот на Кели се движел со силина од 110,8 км на час.
Особено е интересен фактот што ни во машката Премиер-лига, , ни еден фудбалер не ја погодил мрежата со таква силина како Кели. Најсилниот удар досега што завршил во мрежата бил на напаѓачот на Вест Хем, Саид Бенрахма, кој достигнал брзина од 110,2 км на час.
Како што е познато, утре во четврт-финалето на СП, Англија ќе игра против репрезентацијата на Колумбија. Г.И.