По повод осум децении од пренесувањето на посмртните останки на Делчев
Во црквата „Св. Спас“ вечерва е отворена изложба посветена на 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
На 12 паноа се пренесени дел од животот и делото на Делчев, неговите писма, како и преписките меѓу двете влади за пренесувањето на неговите посмртни останки од Софија во Скопје.
– Изложбата ја изработи Државниот архив на Македонија. Претставени се дел од неговиот живот и дело, неговата фамилија и се она што е необјавено за Гоце Делчев – неговите писма, преписите меѓу двете влади за неговото пренесување од Софија во Македонија и изложен е неговиот оргинален саркофаг во кој останките се пренесени од Софија во Македонија – изјави директорот на Конзерваторскиот центар Скопје Филип Даневски.
































