Кичевската коњаница „Манастир Пресвета Богородица Пречиста“, од вчера изутрина го започна својот пат до славното Крушево, каде ќе биде дел од дефилето за Илинден.16 коњаници првата вечер ја поминаа во родното село на Јордан Пиперката, Козица, каде беа пречекани од гостољубивите домаќини со музика, настап на фолклорен ансамбл и богата вечера.
Утринава патот го продолжија кон селата Белица и Велмевци а втората ноќ ќе ја поминат во манастирот „Свети Илија“ на Илинска планина. Учесниците на коњаницата беа презадоволни што ја имаа таа можност да се поклонат пред споменикот во село Велмевци, каде што почива големиот патриот и војвода, Јордан Пиперката.
-Во изминатите девет години посебна чест ни претставува посетата на гробот на големиот војвода Јордан Пиперката роден во село Козица, кој загинал во Церско поле на 10 август 1903 година а по негова желба бил погребан на ридот во месноста Черешна, во близина на село Велмевци.Местото за погреб на Пиперката, Велмевци е одбрано, како што рекол војводата, и посмртно да ги гледа Церско поле и Демирхисарско, каде што најмногу и делувал.Нашето поклонение пред гробот на Пиперката и неговите соборци е уште една благодарност за човекот кој не жалејќи го својот живот загинал за својот идеал ,слободна Македонија-и стакна Христијан Трајаноски, доајенот на кичевската коњаница кој е по потекло од истото село од каде потекнува и Пиперката .