Познатиот македонски музичар и композитор Боби Серафимовски стана дел од тимот на познатата чешка агенција и менаџмент „Мјузик компани“ од Прага.
– Во агенцијата лиценцираа дел од моите композиции кои ќе ги нудат во филмови. Тое се главни претставници на познатата компанија „Кобалт“ – ни рече Боби Серафимовски.
На неговиот профил на „Мјзуик компани“ пишува дека тој е: „мулти-инструменталист и филмски композитор, џез и блуз уметник. Има издадено неколку албуми во САД со познати уметници. Компонирал музика за најпознатите ѕвезди во Македонија, а пишува музика за американски и за индиски филмови“. М.Т.