На 20 август во „Паблик рум“ ќе се оддржи првото Државно првенство на Македонија во Катан.
Победникот на Државното првенство ќе добие авионски билет, сместување и право да ја претставува Македонија на Европското првенство во Копенхаген, Данска (18-20 октомври).
-Сите учесници ќе добијат код со 20 отсто попуст за својата следна нарачка од GoblinGames.mk. Време е да го одредиме најдобриот играч на „Катан“ во Македонија! – велат од „Гоблин друштвени игри“.

Бројот на играчи е ограничен на 64, а заинтересираните може да се пријават на следниот ЛИНК.