Македонскиот народ и држава имаат богата вековна традиција и голем број крупни настани, кои се трајно врежани во колективната национална меморија на македонскиот народ и со кои се потврдуваат и отсликуваат посебноста на македонскиот народ и неговиот вековен идентитет. За да се освежат сеќавањата на некои од нив, редовно ја објавуваме рубриката Датуми за паметење, преку која секој месец издвојуваме настани поврзани со македонската историја и со истакнати македонски дејци
1 јули 1909 година: Роден е Никола Парапунов, македонски патриот и партизан од пиринскиот дел на Македонија. Загинува во борба со бугарските безбедносни сили во 1943 година.
2 јули 1876 година: Роден е Тодор Паница, истакнат македонски револуционер од бугарско потекло, еден од најблиските соработници на Јане Сандански.
6 јули 1943 година: Во текот на Народноослободителната борба на македонскиот народ, преспанско-охридскиот партизански одред „Даме Груев“ ја уништил италијанската воена телефонска линија, во должина од неколку километри, во реонот на преспанските села Љубојно – Царев Двор – Долно Дупени.
7 јули 1921 година: Роден е Васко Карангелески, македонски комунист, првоборец, генерал-полковник и народен херој на Македонија.
9 јули 1904 година: Славејко Арсов, истакнат македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација (МРО), се самоубива за да не биде заробен од турските власти.
13 јули 1907 година: Роден е Елисие Поповски-Марко, македонски деец, учесник во Шпанската граѓанска војна и во Народноослободителната борба на македонскиот народ, делегат на Првото заседание на АСНОМ.
18 јули 1967 година: Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследник на обновената Охридска архиепископија. Одлуката била соопштена од архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј.
21 јули 1962 година: Со одлука на Владата на Народна Република Македонија, Радио Скопје е применувано во Радио-телевизија Скопје.
22 јули 1948 година: Со одлука на Владата на Народна Република Македонија се основа Институтот за национална историја во Скопје.
23 јули 1942 година: Бугарската фашистичка власт ги стрела македонските патриоти Никола Јонков Вапцаров, Антон Попов-Дончо и Атанас Романов во Софија.
21 јули 1984 година: Починал Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог диригент и музички деец. Се категоризира во првата генерација македонски повоени композитори. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година.
21 јули 2001 година: Починал Крсте Црвенковски, учесник во НОБ и носител на орденот народен херој и на Партизанска споменица 1941.
24 јули 1923 година: Турција, Грција и сојузничките држави од Првата светска војна го потпишуваат Лозанскиот договор. Врз основа на овој договор и размената на населението помеѓу Турција и Грција се менува националниот карактер на егејскиот дел на Македонија.
24 јули 1957 година: Починал Методија Андонов–Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ.
26 јули 1963 година: Катастрофален земјотрес го погоди Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а голем дел од станбениот фонд беше уништен.
29 јули 1014 година: Македонскиот средновековен владетел Самуил е катастрофално поразен од византиската војска на Василиј Втори.
29 јули 1945 година: За народни херои на Југославија од Македонија се прогласени: Мирче Ацев, Стив Наумов, Орце Николов, Христијан Тодоровски-Карпош и Страшо Пинџур. Неколку дена подоцна за народен херој е прогласен и Кузман Јосифовски-Питу.
31 јули 1908 година: Јане Сандански го упатува „Манифестот до сите народности во Османлиската Империја“. Во него, меѓу другото, се вели: „Сонародници, Вие, кои сте дале толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Сега вие не сте сами – ете зошто и вашата борба станува полесна и понадежна. Со заедничките усилби на сите народи ние ќе ја извојуваме нашата слобода. Не подавајте ѝ се на престапната агитација, која можеби ќе ја поведат официјалните власти во Бугарија против вашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода“.