ДЕНЕСКА И УТРЕ ВО ВОЛКОВО И ВО ХИПОДРОМ

Според планот од календарот на Федерацијата на коњички спортови на Македонија, а во организација на коњичкиот клуб Бравадос од Скопје, денеска од 8.30 часот на теренот на Волково (покрај реката Лепенец) ќе се одржи второто коло од отвореното Првенство на Македонија во прескокнување пречки, со пет натпревари, во класите А, Б, Ц, Д и Е, со височина на пречките од 0,70 до 1,30 м и широчина од 1,40 м. Утре, пак, од девет часот, во организација на клубот за коњички спорт Илинден од Скопје, на теренот на хиподромот во Маџари, ќе се одржи првото коло од Купот на Македонија во прескокнување пречки за годинава, со шест натпревари во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти, со височина на пречките од 0,70 до 1,20 м и широчина од 1,30 метар. Г.И.