ТЕНИС

Извлечени двојките за Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ќе ја почне одбраната на трофејот на тенискиот гранслем-турнир Вимблдон со мечот со Педро Качин, а би можел да се соочи со Андреј Рубљев, Ник Кирјос или Феликс Огер-Алиасиме во четврт-финалето, пишува Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП), по вчерашната ждрепка. Турнирот почнува в понеделник. Првиот носител Карлос Алкараз во првото коло ќе се сретне со Џереми Чарди и би можел да игра со Холгер Руне во четврт-финалето. Во таа половина на ждрепката се и Алекс де Минаур, Александар Зверев, Матео Беретини… Во првото коло е и дуелот Стефанос Циципас – Доминик Тием, а победникот ќе игра со победникот на дуелот Енди Мареј – Рајан Пенистон. Даниил Медведев го почнува турнирот со меч со Артур Фери итн. Бранителката на титулата во женска конкуренција, Елена Рибакина, во првото коло ќе игра со Шелби Роџерс, првата носителка Ига Швјонтек со Жу Лин, втората носителка Арина Сабаленка во првото коло ќе се сретне со Пана Удварди…


КОШАРКА

Исти клубови, а нов формат на Евролигата во идната сезона

На состанокот на Бордот на Евролигата, одржан во Барселона, беа потврдени учесниците во елитното кошаркарско натпреварување за следната сезона, во која ќе играат истите клубови што настапија сезонава. Тоа се Алба, Анадолу Ефес, Армани, Асвел, Баерн, Барселона, Басконија, Црвена звезда, Фенербахче, Макаби Тел Авив, Монако, Олимпијакос, Панатинаикос, Партизан, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус и Жалгирис. Гран Канарија се откажа од учеството, а Валенсија го зазеде нејзиното место.
На состанокот беше договорена и промена на форматот на натпреварувањето во плејофот. Најдобрите шест екипи директно ќе се пласираат во четврт-финалето, а оние од шестото до десеттото место ќе играат квалификациски мечеви за преостанатите две места. Седмиот и осмиот тим на табелата во еден натпревар ќе решаваат за еден учесник во четврт-финалето, а поразениот потоа ќе игра со победникот од дуелот помеѓу деветтиот и десеттиот тим на табелата, за уште едно место во четврт-финалето. Екипата со подобар резултат во регуларниот дел од сезоната ќе има предност на домашен терен на тие квалификациски натпревари. Г.И.