ОДБОЈКА – ЗЛАТНА И СРЕБРЕНА ЕВРОПСКА ЛИГА

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, денеска (20 ч.), во спортската сала „Крешимир Ќосиќ“ во Задар, ќе ѝ гостува на Хрватска во петтото коло во Златната европска лига (група Б), а женската репрезентација на Македонија во Сребрената европска лига (група А), во Рига (16 ч.), ќе ги одмери силите со Летонија. Во претходното коло избраниците на селекторот Јошко Миленкоски загубија од Белгија, во меч во кој нијанси одлучуваа иако по сетови беше 0-3, но сите сетови црвено-жолтите ги загубија со два разлика. Македонија досега има две победи и два пораза во групата Б, но по поразот од Белгија шансите за првото место во натпреварувањето, во кое е дебитант, се сведени во рамките на теорија. Одбојкарките на Македонија, пак, предводени од селекторот Стефан Пауновиќ, по досега најдоброто издание во лигата, каде што, исто така, се дебитантки, иако загубија со 0-3 од водечката Естонија, одиграа два квалитетни сета, па со поголем оптимизам ќе настојуваат да го освојат првиот сет, ако не и повеќе во денешниот меч (16 ч.) со Летонија на гости. Г.И.