Како што се грижиме за лицето и телото, не смееме да заборавиме и на нашите стапала. Детоксикацијата на стапалата станува сѐ попопуларна како начин да се ослободи телото од сите токсини. Во вашето тело има бактерии и токсини што треба навреме да ги отстраните. Во спротивно, може да предизвикаат разни здравствени проблеми и сериозни болести. Потенцијалните токсини може да варираат од нечистотии во воздухот, до хемикалии во вашиот дом и производи за убавина.

Речиси сите, освен оние со отворени рани или инфекции на стапалата, можат да имаат корист од опуштање, кое може да обезбеди топла релаксација на стапалата. Бањата за нозе може да биде одличен начин да се опуштите по напорниот ден или да ја оживеете циркулацијата во вашите стапала.

Некои застапници за детоксикација на стапалата тврдат дека ако водата во бањата за стапала ја промени бојата, тоа значи дека детоксикацијата дејствува. Ова не е вистина. Бојата на водата може да се промени од многу различни причини, вклучувајќи и нечиста вода од чешма или самата бања за нозе. Повеќето детоксикации на стапалата користат и специјални соли во водата, што може да предизвика промена на бојата на водата.

Еден од најефикасните е јапонскиот метод. Наполнете сад со топла вода и додадете половина шолја сол, половина шолја сода бикарбона, половина шолја морска сол, половина шолја јаболков оцет и есенцијално масло по ваш избор. Добро измешајте додека не се растворат сите состојки, а потоа потопете ги стапалата. Чувајте ги стапалата во таа вода 30 минути. Но ако се чувствувате слаби, не грижете се, тоа е дел од детоксикацијата. Исто така, се препорачува да се зголеми внесувањето магнезиум во секојдневната исхрана.