Денеска во посета на Битола претсојуваше Брајан Фолкнер, претставник на Кралското здружение на Велика Британија, за спречување на суровост врз животните, кој е ангажиран како експерт за решавање на проблемот со бездомните кучиња во Битола.
-Ви благодарам што ме поканивте да видам како напредувате во решавањето на овој проблем. Мило ми е дека почнувате од ново отколку да трошите многу пари за
реновирање на старата зграда. Од она што што го видов во плановите е многу, многу издржано, ќе биде современ објект, а посебно ми се допаѓа каде ќе се наоѓаат кучињата, бидејќи е под сенка, денес не е топло, но кога ќе биде топло ќе има многу сенка што е добро за кучињата – рече Британскиот експерт Брајан Фолкнер, при неговата посета на Битола.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски се заблагодари за експертската поддршка и нагласи дека општината Битола продолжува со интензивна работа за
решавање на овој проблем.
-Сакам да искажам голема благодарност до г-дин Брајан Фолкнер кој денес е повторно со нас. Ми кажа дека е задоволен со прогресот кој го имаме во реализацијата на самиот проект и дека ќе биде добра стартна основа за она што ние го планираме. Очекувам за 30 работни дена да ја имаме готова целата платформа, потоа следуваат дозволите со Министерството, со Агенцијата за храна и ветеринарство и почетокот на третманот на бездомните кучиња. Се надевам дека повторно ќе ни биде гостин. Можеби заедно и некаква обука ќе организираме за операторите кои ќе работат. Мислам дека сме на вистинскиот пат за решавање на проблемот со бездомните кучиња – рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. М.М.