На хиподромот во скопско Маџари, утре и в недела, ќе се одржат два Мајски коњички турнира, односно првото коло од Отвореното првенство на Македонија и првото коло од Купот на Македонија во прескокнување пречки.
Организатори на натпреварувањето се Федерацијата на коњички спорт на Македонија и клубот за коњички спорт Илинден од Скопје.
На програмата се по шест натпревари во прескокнување пречки во двата натпреварувачки дена, во класите А, Б, Ц, Д, Е и Е*, со височина на пречките од 0,70 до 1,3 метар и ширина 1,3 метар.
Почетокот на натпреварите и в сабота и в недела е во 10 часот.
Г.И.