Техно
Сега кога го реши проблемот со резервите, компанијата „Сони“ бележи голема побарувачка за конзолата „плејстејшн 5“.
„Сони“ продаде 6,3 милиони примероци на конзолите ПС5 во период од три месеци, заклучно со 31 март 2022 година, со што вкупниот број достигна 38,4 милиони конзоли. Тоа е повеќе од тројно од истиот квартал минатата година, кога беа продадени два милиони конзоли. Јапонскиот гигант испорача 19,1 милиони конзоли ПС5 во текот на фискалната 2022 година, надминувајќи ја претходната прогноза од 18 милиони конзоли.
Што се однесува на софтверот, приходите од игри се зголемија, но бројот на продадени единици падна од 70,5 милиони во четвртиот квартал од 2021 година на 68 милиони во истиот квартал од 2022 година. Плејстејшн нетворк забележа мал пораст на месечните активни корисници од 106 на 108 милиони, но бројот на претплатници на „плејстејшн плус“ остана на 47,4 милиони.
Овој диспаритет делумно го одразува недостигот од големи изданија на игри во кварталот, но исто така постои загриженост дека претходните проблеми со резервите на конзолите имаат влијание врз продажбата на софтверот и претплатите, кои се важни доколку компанијата сака да изгради „виртуелен циклус“ на меѓусебно зајакнување на продажбата на конзоли и игри.
„Сони“ забележа оперативен профит од околу 8,9 милијарди долари за годината, а приходите се зголемија за 35 отсто, на околу 22,5 милијарди долари во кварталот. Компанијата не објави информации за продажбата на своите слушалки со виртуелна реалност „плејстејшн ВР2“.