По поплаки од жителите, продолжуваат контролите за мерење на бучавата и гласната музика во рестораните, кафе-баровите и кафеаните на територијата на општината Центар.
– Завчеравечер, во придружба на општинските инспектори и овластена лабораторија за мерење бучава, бевме на терен, каде што беа извршени мерења на нивото на гласна музика. Овие денови ги чекаме извештаите од мерењата и доколку измерените вредности ги надминуваат граничните вредности, ќе се спроведе санкционирање во согласност со законот. Да потсетам дека казните за надминување на граничните вредности од бучава се движат од 6.000 до 13.000 евра – информира градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Тој ги повика сопствениците и управителите на локалите да ги почитуваат дозволените вредности на бучава, во спротивно ќе им бидат изречени глоби во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

Д.Т.