Техно

Станува збор за беспилотното летало „Инспаер 3“, способно за видео со 8К резолуција, кое ќе биде пуштено во продажба летово. „Инспаер 3“ на ДЈИ е опремен со „зенмјус Х9-8К ер“, гимбал-камера со широк динамичен опсег на бои и компатибилна со различни леќи. Неговиот систем на камера има двојно ИСО за јасни снимки дури и при слаба осветленост и покрива повеќе од 14 чекори на динамичкиот опсег за да помогне во „фаќање“ на светлината и сенките за време на изгрејсонце и зајдисонце. Исто така, има тилт буст и панструктура од 360 степени. Камерата ФПВ, визуелните сензори, антените за позиционирање и слотот за складирање се интегрирани во рамката на дронот за минималистички изглед и модерна индустриска естетика. Видеото може да се снима во различни формати, вклучувајќи СинемаДНГ и Епл прорес РАВ.
Дронот поддржува РТК вејпоинт про и сенасочен систем за прецизни патеки на летот и поголема безбедност, а опремен е со девет сензори, кои откриваат и избегнуваат пречки. Покрај тоа, можно е самостојно да се префрли системот за откривање пречки хоризонтално, нагоре и надолу и рачно да се приспособи опсегот за предупредување за пречки доколку автоматските поставки не ги задоволуваат потребите. Со исклучено активно избегнување пречки, екранот сепак ќе ги прикажува и ќе се огласи со предупредување доколку се во зададениот опсег. Дронот доаѓа со заменливи батерии ТБ51, кои се доволни за 28 минути лет и брзина до 94 километар на час. Го користи системот за пренос и контрола на ДЈИ О3 про со досег до 15 километри со еден контролор или до 12 километри со два контролори, каде што едното лице го контролира дронот, а другото гимбалот. Дронот има ФПВ-камера со ултрашироко видно поле од 161 степен и „ноќно гледање“.