Фото: Влада

Владата на денешната седница донесе одлука да го именува Агрон Речи за Државен правобранител, според процедурите, на предлог на министерот за правда, а по спроведен Оглас.

Како што информираат од владината прес-служба, новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство – Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година.

Посочуваат дека тој по професија е дипломиран правник, според наведеното во неговата биографија, со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи.